Права на Пациенти
Како Здружение, ЕЗРА има силен фокус кон поддршка на пациентите и споделување релевантни информации кои ќе ви помогнат да се справите со лавиринтите на нашиот здравствен систем. Со Законот за заштита на правата на пациентите во користењето на здравствената заштита се уредени должностите на здравствените установи и здравствените работници и соработници, општините и фондот за здравствено осигурување во унапредувањето и заштитата на правата на пациентите, постапката за заштита на правата на пациентите, како и надзорот над спроведувањето на законот.
Водич за Пациенти
За Нас
Нашата Мисија
Нашата мисија е да развиеме креативни решенија, да ја зголемиме соработката помеѓу засегнатите страни, креаторите на политики и граѓанските организации, да обезбедиме релевантни информации; директна помош и поддршка на пациентите; да изградиме знаење, експертиза и вештини на заедницата на пациенти и засегнатите страни; да го зајакнеме застапувањето за пациентите; да поттикнеме креирање на нови подобри услови за третман и терапија на нашите граѓании.
Нашата Визија
Нашата визија е дека во нашата држава ќе се воспостави силна и функционална здравствена заштита насочена кон пациентите, со пристап до навремени, ефикасни дијагностички процедури, ке се обезбедат подобри, достоинствени здравстени услуги и здравствена заштита, пристап до сите нови иновативни терапии и третмани кои би биле ефективни во борбата со болестите и ќе се овозможи квалитетен живот на пациентите.