ВОДИЧ ЗА ПАЦИЕНТИ СО РАК НА ПАНКРЕАС

Панкреасот е многу важен дел од нашиот дигестивен систем. Тој лачи хормони, вклучувајќи го и инсулинот, кој му помага на нашето тело да го процесираме шеќерот. Тој произведува дигестивни сокови, кои му помагаат на нашето тело да ја вари храната.

Ракот на панкреасот започнува во ткивото на панкреасот и често има лоша прогноза, дури и кога се дијагностицира рано. Ракот на панкреасот обично се шири брзо и ретко се открива во раните фази, што е главната причина тој да е водечка причина за смрт од рак.

Ракот на панкреасот се јавува кога клетките во панкреасот развиваат генетски мутации. Овие мутации предизвикуваат клетките да растат неконтролирано и да продолжат да живеат откако нормалните клетки ќе умрат. Овие клетки можат да се акумулираат во форма на тумор.

Ризик фактори

Во фактори кои го зголемуваат ризикот од рак на панкреасот спаѓаат:

– постара возраст, особено над 60 години

– прекумерна тежина или дебелеење

– хронично воспаление на панкреасот (панкреатитис)

– дијабетес

– семејна историја на генетски синдроми кои може да го зголемат ризикот од рак

– лична или семејна историја на рак на панкреасот

– пушење

Симптоми

Знаците и симптомите на ракот на панкреасот често не се појавуваат се додека болеста не е напредната. Кога знаците и симптомите се појавуваат, тие може да вклучуваат:

– болки во горниот дел на стомакот, кои може да зрачат и во грбот

– пожолтување на кожата и белките на очите (жолтица)

– губење на апетитот

– слабеење

– депресија

– крвни коагулуми (згрутчување на крвта)

Компликации

– Жолтица.

– Болка.

– Опструкција на дебело црево.

– Губење на тежина.

Дијагноза

– Ултразвук.

– Компјутерска томографија

– Магнетна резонанца

– Ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија

– Ендоскопски ултразвук

– Перкутана трансхепатична холангиографија

– Отстранување на примерок од ткивото за тестирање (биопсија)

Одредување на стадиумот на рак

– Стадиум I – ракот е ограничен на панкреасот.

– Стадиум II – ракот се шири надвор од панкреасот во близина на ткивата и органите и може да се шири во лимфните јазли.

– Стадиум III– ракот се шири надвор од панкреасот на големите крвни садови околу панкреасот и може да се шири во лимфните јазли.

– Стадиум IV – ракот се шири во далечните органи надвор од панкреасот, како што се црниот дроб, белите дробови и обвивката што ги опкружува стомачните органи (перитонеумот).

Третман

Третманот за ракот на панкреасот зависи од стадиумот и локацијата на ракот, како и од возраста, целокупното здравје и личните преференци. Првата цел на третманот за рак на панкреасот е да се елиминира ракот, кога тоа е можно. Кога тоа не е опција, фокусот е на тоа да се спречи ракот на панкреасот да расте или да предизвикува повеќе штета. Кога ракот на панкреасот е во напредна фаза и третманите не нудат корист, докторот може да предложи начини да се ублажат симптомите и пациентот да биде колку што е можно подобар.

Хирургија

Радиотерапија

Хемотерапија

Таргетирана терапија

Превенција

– откажување од пушењето.

– одржување на здрава телесна тежина.

– вежбајте повеќето денови во неделата.

– изберете здрава исхрана.