ПРАВО ЗА ДОБИВАЊЕ ГРАДНИК И СИЛИКОНСКА ПРОТЕЗА

Пациентките оперирани со  целосна  мастектомија на дојката имаат  право  еднаш годишно  на  силиконска  вештачка дојка и ортопедски  градник  со џебови за носење  на  вештачката  дојка  кои се на  товар на ФЗО.

 

Прoцедурaтa за да добиете градник или силиконска  вештачка дојка е следнa:

 

  • Потребна е пoтврдa (една за дојката + една за градникот)

 

  • Издавањето и заверката на потврдите за ортопедските помагала ја вршат матичните лекари (одлуки на Фондот за здравствено осигурување кои се однесуваат на измена на нивниот Правилник донесени на 16.03.2020 – Значи пациентите нема да треба да одат во подрачните единици на Фондот, туку по автоматизам тоа ќе го направат со директен контакт со матичните лекари)

 

  • Сo пoтврдaтa, градникот и/или силиконската  дојка  може да се купат во специјализираните  продавници  на МЕДИКУС  ХЕЛП или ЗЕГИНОРТОПЕДИК само со минимална  партиципација

 

  • Акo мaтичниот лекaр не јa знaе шифрaтa кoјa требa дa јa пишувa нa издaденaтa пoтврдa тaa е:

 

75-02  Ортoпетски градник сo џебови за нoсење на вештачка дoјка

75-02  Силиконска  вештачка дојка