ПРВ РОЗОВ БАЗАР под мотото „ДА ГО СЛАВИМЕ ЖИВОТОТ„

На 17 декември во East Gate Mall, во Скопје, здружението ЕЗРА, го организираше првиот ПИНК БАЗАР под мотото „ДА ГО СЛАВИМЕ ЖИВОТОТ„. Настанот беше организиран како интерактивна платформа која им овозможи на посетителите да добијат едукативни материјали на информативните штандови, можност да научат основни техники како да направат самопреглед на дојките, совети од докторите за симптимите и дијагностиката, но воедно понуди и една поинаква страна за перцепирање на пациентките заболени со рак на дојка.

Сеуште одзвонуваат моќните пораки се испратија за време на настанот:

„Ракот на дојка не е само падната коса, туку и насмевка на жената која штотуку ја примила хемотерапијата ја има кога ќе го прегрне своето дете.„

„Ракот на дојка не е само побледена кожа на болното лице туку и црвениот кармин со кој гордо и се пркоси на болеста.„

„Ракот на дојка не е само страв, туку и надеж. Искрена, длабока надеж дека И ОВА ЌЕ ПОМИНЕ.„

Свои обраќања имаа:

– Н.Е. Г-ѓа Ангела Агелер, Амбасадор на САД во Република Северна Македонија

– д-р Владимир Рендевски, Заменик Министер за здравство

– Дана Стојкова, Генерален менаџер за продажба во АВОН Македонија

– Емануела Додева претседател на ЕЗРА и Лиридона Лимани, извршен директор на ЕЗРА

Настанот го поддржа и д-р Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска, сопругата на претседателот на Северна Македонија која се придружи на настанот како гостин

„Имајќи предвид дека борбата против ракот на дојката, не завршува на крајот на октомври како Светски месец посветен на борбата со ракот на дојка, ние во ЕЗРА решивме да го организираме овој настан откако „замолкнаа розовите ѕвона“ и да ги потсетиме сите дека пациентите со рак на дојка се соочуваат преку целата година. Сакаме да им помогнеме на жените што живеат со рак на дојка да имаат продуктивен и квалитетен живот„ – истакна во својот поздравен говор извршната директорка на ЕЗРА, Лиридона Лимани.

Силна поддршка на настанот даде и американската амбасадорка во Македонија, Н.Е. Ангела Агелер со порака жените никогаш да не се заборават себе си. „Борбата со ракот на дојка е битка која можеме да ја победиме преку едукација, рано детектирање и глобален пристап до здравствената заштита. Не чекајте симптоми. Одете на редовни прегледи. Тоа си го должите на себе и на вашата заедница„ им порача на присутните амбасадорката Агелер во својот мотивирачки говор.

Една од ретките компании кои има специјално дизајнирани производи кои во целост ги донира за ваквите кампањи е компанијата АВОН, генерален спонзор ЕЗРА. Оваа кампања која и следната година продолжува и ќе има уште доста активности за директна помош и поддршка на пациентките кои се соочуваат со ракот на дојка, здружението ја започна заедно со АВОН, оваа глобално препознаена општествена компанија, која не само што ги прави жените убави од надвор туку и помага да се чувствуваат убаво и одвнатре.

„Ние сите заедно сме моќна сила која може да направи промени. Заедно, можеме да направиме и повеќе! Посакуваме секоја жена ширум светот да ги знае ризиците, знаците и какви активности треба да се преземат. Затоа нема да застанеме тука, продолжуваме и понатаму со активностите за подигнување на свеста за ракот на дојка.„ изјави генералената менаџеркана АВОН за продажба – Дана Стојкова.

 

На настанот се обрати заменикот министерот за здравство на С.Македонија, д- р. Владимир Рендевски кој изјави дека министерството за здравство ја продолжува соработката со сите релевантните фактори во овој процес, како и со пациентските здруженија и максимално ги вложуваат сите свои капацитети со цел да ги решат проблемите со кои се соочуваат пациентите со малигни заболувања.

„Нашата заедничка цел е да на намалиме стапката на морталитет и да овозможиме секој да има пристап до здравствените услуги, пристап до најновите тераписки опции, како и соодветна грижа во рамките на здравствениот систем. Ние мораме и должни сме да продолжиме со системско решавање на пристапот до нова иновативна терапија и ефективни скрининг програми, основни предуслови со кои реално може да го спаси животот на многу пациенти„ – изјави Рендевски

Претседателката на ЕЗРА, Емануела Додева во својот говор ја потенцираше важноста рана дијагностика и подобрување на скрининг програмите како и обезбедување на континуирана терапија на пациентите на Клиниката за онкологија. Таа додаде дека е потребно мобилизирање на целокупната јавност но и поддршка од Владата и здравствените институции, доколку сакаме да ја промениме моменталната состојба со која се соочуваат пациентите со рак во нашата држава.

„Сведоци сме дека последнава година постојат голем број проблеми во континуираноста со терапиите. Состојбата во нашата земја и покрај сите заложби на граѓанскиот сектор ни укажува дека малигните заболувања мора да станат приоритет на здравствените власти и мора интензивно да се работи на градење на одржлива стратегија„, истакна Емануела Додева.

Настанот понуди убава атмосфера каде што и за најмладите беше креирано детското катче со различни интерактивни игри, цртање, китење на елка со розови лампиони, а особено што најмладите можеа да му ги кажат своите желби на Дедо Мраз облечен во розов костум. На посетителите им беше овозможено да напишат по една мотивирачка порака на специјално дизајнираните нвогодишни честитки на ЕЗРА, кои заедно со елката која се украсуваше ќе бидат однесени на Клиниката за онкологија и поделени на сите пациенти.

Спонзори и поддржувачи кои помогнаа да се реализира РОЗОВИОТ БАЗАР се: Амбасадата на САД во Северна Македонија, Компанијата АВОН, EAST GATE MALL , РОШ Македонија, Медикус Хелп, Македонија Осигурување – Vienna Insurance Group , Arberia design, VezeShari/Lecker , Mulliri, Полиестердеј и Општина Чаир.